Психолозите го толкуваат овој сон како повик од сопствената потсвест да се соочиме со емоциите и да го надминеме чувството на напуштеност
Барем еднаш сте се разбудиле испотени и исплашени, чувствувајќи како срцето силно и брзо ви чука.
Овие соништа може да бидат многу страшни,а еве која е симболиката на истите.
Во поголемиот број случаи кошмарите имаат врска со некакво искуство од реалниот живот. Некои директно ги покажуваат проблемите од реалноста, а некои преку симболи.
На повеќето ни се случило да се разбудиме од сон во кој сме паѓале. Таквиот сон најчесто одговара на ситуации кога се чувствуваме изневерени и без доволно поддршка. Можно е да се јави кога ќе бидеме разочарани во реалноста или откако ќе прекинеме некоја љубовна или пријателска врска.