Никој не очекувал дека вакво нешто ќе се случи
Овој неочекуван и многу тажен настан се случи во 2012 година кога Мирјам Дукре-Лемај од Монтреал почина само осум минути откако нејзиното момче ја бакна.
Според извештајот од истрагата, нејзиниот инхалатор не работел, а со себе немала никаков лек кој би можел да ` помогне во вакви ситуации.
Нивната врска била свежа и Миријам не му кажала за нејзините алергии, но и за најтешката алергија на кикиритки. Додека таа се подготвувала за спиење тој изел сендвич со путер од кикирики, а потоа испил чаша вода и ја бакнал, но тоа било доволно за да предизвика силна алергиска реакција.
Брзата помош пристигнала за осум минути, но и покрај напорите, Миријам починала бидејќи мозокот останал без кислород, бидејќи со себе немала антихистамин, а алергијата била толку силна што за жал починала, пишува „Индипендент“.
Секогаш живеела нормален живот, а со себе ги имала и своите лекови, а сите знаеле за нејзината алергија, изјавила нејзината мајка.
„Се’ одеше добро во нејзиниот живот, ми кажа дека се вљубила. Првпат ја видов ќерка ми со таков сјај во очите“, се присетува неутешната мајка.