Со интересна објава на социјалните мрежи се огласи поранешната македонска пејачка Маријана Новачевска која живее и работи во Австралија.
Таа ѝ го честита роденденот на ќерката Магдалена.
„Да си ми здрава, жива и весела ќерко моја, мамино девојче. Среќен роденден Меги, а мама како и секогаш без дозвола споделува твоја слика. Ќешки нема да ме караш овојпат“, напиша таа на „Фејсбук“.
Според она што гордата мајка го има објавено на „Фејсбук“, Магдалена пред три години му кажа „ДА“ на своето момче Ерик.
Од бракот со легендарниот македонски композитор Тоде Новачевски, кој пред две години почина по долго и тешко боледување, Маријана го има и синот Филип.