fbpx

Порасна ќерката на Бубе Јаневска: Копија на мама (ФОТО)

Водителката на Канал 5 телевизија, Љубица Јаневска-Ивановска, важи за една од ретките жени од јавната сцена кај нас која кариерата ја изгради со чист професионализам, без скандали и заткулисни игри.

Дамата која важи за една од најубавите ТВ-лица кај нас секогаш умерено зборува за приватниот живот, неодамна сподели интересно „стори“ на „Инстаграм“ на кое главната улога ја има нејзината ќерка-единица Нела.

„Каква мајка, таква ќерка“, напиша популарната Бубе под фотографијата за која нема потреба од дополнителен коментар.

Кога пред една година проговори за својата покојна мајка, Јаневска на прашањето кои совети што ги наследила од мајка си ќе се обиде да ѝ ги пренесе на својата ќерка одговори:

„Искреност, чесност и посветеност во сè што работам. Отсекогаш се залагала за искрен и чесен пристап во сè. Да бидам човек, да подавам рака, да не правам зло. „Не гради среќа на туѓа несреќа“ и „Не го прави она што не сакаш тебе да ти го прават“ се двата совета што први ми паѓаат на памет. Во овој дух, заедно со сопругот Александар, ја воспитуваме нашата Нела“, изјави таа во интервју за „Женски магазин“.

А, токму со нејзиниот животен партнер, како што самата призна во едно гостување, си даваат совети буквално за сè.

Краток период заедно работеле во матичната телевизија на популарната водителка. Во тој период немале некоја особена комуникација. Интензивно почнале да се допишуваат на социјалните мрежи дури кога тој заминал на друго работно место и станале многу добри пријатели. Така им се родила љубовта, раскажа Љубица во една прилика.

Следни Објави

Ќерката на Маја и Дарко Панчеви е модел: Еве како изгледаше со партнерот за матура

Пораснаа ќерките на познатата македонска двојка Маја и Дарко Панчеви. И двете се големи љубителки на танцот и на музиката. Надица дипломира на Филолошкиот факултет, отсек германски јазик и книжевност, а помалата Марија е дел од модното студио „Моделс Ин“ и веќе гради успешна кариера како модел. Токму таа годинава […]