Внуката на Блага Петреска е матурантка. Гордата баба со симпатична објава ѝ се обрати.
Легендарната македонска пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни објави и неколку фотографии.
„Една од моите принцези Летициа-Лети која слави матура и јас ѝ посакувам секогаш да лета низ животот и никогаш да не падне, Бог да те води и благослови“, напиша таа под сликите.
Петреска ја живее осмата деценија од животот и целиот свој работен век ѝ го подари на песната. Сцената не ја напушти ниту во најтешките моменти во животот.
Таа е нашето бисерно грло, ѕвезда што сјае повеќе од половина век. И после сите успеси во кариерата, сѐ уште делува толку природно и ненаметливо, а тоа го умеат само најдобрите.
Пред камерите е секогаш насмеана и весела, иако низ годините се соочувала со многу предизвици за кои многу ретко зборувала во јавноста, особено за семејната драма. Петреска била многу млада кога починал нејзиниот сопруг и никогаш повторно не се омажила.
– Ми се случи вистинска љубов и две деца од истата. Кога останав сама одлучив да не ги повредам моите деца. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно за ништо да не им фали, само да учат, да завршат факултет.. Така и бидна. Децата се гордеат со мене и јас со нив. Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија која сега е права Македонка. Ќерката и зетот исто така среќни живеат во странство. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала – раскажа Блага во интервју за „Свет Австралија“.
Петреска денес сѐ поретко ја гледаме на големите настани, одбира каде и со кого ќе се појави. Во една емисија на шега изјави дека свадбите коишто ги работела порано биле стопати подобри од денешните концерти.