Една од најпознатите македонски музички двојки, Зуица Лазова и Наум Петрески, живеат заедно повеќе од деценија и пол, но малкумина знаеја дека се’ до пред две години тие немаа склопено граѓански брак.
Популарните пејачи во таа прилика конечно се заколнаа пред Бога, а плод на нивната љубов се синот Стефан и ќерката Македонка.
Зуица сега се пофали на социјалните мрежи дека Македонка е апсолвент на Факултетот за музичка уметност.
„Мојата прва вистинска среќа“, напиша таа на „Фејсбук“.
Таа редовно ги објавува своите деца, но само кога има повод. Така беше и минатата година кога синот прослави матура.
„Мајкин! Светла иднина да имаш“, напиша тогаш Зуица кога објави фотографија со Стефан.