fbpx

Веќе не личи на себе: Објавена нова слика од Кејт Мидлтон

Луѓето ширум светот се шокирани од новиот портрет на принцезата од Велс

Откако проговори во јавноста и објави дека боледува од рак, речиси и да нема вести за Кејт Мидлтон. Само повремено се појавуваат некои претпоставки.

Принцезата од Велс целосно се повлече од очите на јавноста и нема официјални информации за нејзиното понатамошно закрепнување.

Таа сега повторно предизвика реакции ширум светот, особено на социјалните мрежи, откако е објавен нејзин нов портрет на насловната страница на магазинот „Татлер“.

Со оваа насловна страница сакаат да ѝ оддадат почит на нејзината храброст, два месеци по објавувањето на видеото во кое принцезата од Велс му објави на целиот свет дека има рак.

Портретот е дело на уметницата Хана, која како инспирација користела различни фотографии од принцезата.

Таа ја прикажува Кејт во елегантна верзија, како вистинска принцеза, облечена во кралски бел фустан до подот со блескави украси, а на главата има тијара што некогаш ја носела принцезата Дијана.

Но, обожавателите на кралското семејство не се воодушевени од портретот на нивната омилена принцеза.

„Ова изгледа како дете да го нацртало“, „Какви очи има, изгледа како од Азија“, „Каков страшен портрет на убава жена“, „Дали ова е шега?“, се само дел од коментарите.

Кога ќе ја видиме повторно?

Новинарот на „Дејли мејл“, Ричард Еден, во својата колумна напиша дека од пријател на Кејт Мидлтон слушнал дека принцезата нема да се појави во јавноста до есен. И тогаш ќе ја видиме само доколку лекарите ѝ дозволат, односно ако целосно закрепне. Тој додал дека никој не сака да ѝ врши притисок и дека единствено важно е таа да биде подобра.

Следни Објави

Пресврт! Сериозни предизвици во јуни за три хороскопски знаци

Според астролозите, дел од хороскопските знаци ќе мора да се соочат со одредени предизвици во јуни. За кои три хороскопски знаци станува збор читајте во продолжение! Лав Во јуни ќе се соочите со недостаток на енергија. Тоа може да биде аларм дека е време да најдете мир и рамнотежа. Од […]