fbpx

Први фотографии: Мартин од „Некст тајм“ ќе стане татко

Познатиот македонски музичар пред неполна година се ожени со својата долгогодишна девојка, ракометарката Андреа Белеска

Мартин Филиповски од братското дуо „Некст тајм“ ќе стане татко.

Радосната вест самиот ја сподели со неколку професионални фотографии кои ги објави на социјалните мрежи.

Тој пред неполна година се ожени со својата долгогодишна девојка, ракометарката Андреа Белеска.

Првата фотографија со младоженците тогаш ја сподели неговиот брат Стефан. „Го дадовме, ја земавме. Честитки!“, напиша тој на „Инстаграм“.

Ракометарката Белеска, родум од Кичево, беше дел од Металург, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа и шведскиот Боден. Минатата сезона играше за грчки ПАОК од Солун.

Дуото „Некст тајм“ ја претставуваше Македонија на евровизискиот избор во Москва во 2009 година. Групата се проби со поп-рок нумери, но последните години браќата-близнаци одлучија да се свртат кон корените. Нивните обработки на стари македонски песни бележат милионски прегледи на „Јутјуб“. Подоцна имаа успешна турнеја кај нашинците во Австралија заедно со Влатко Лозаноски.

Следни Објави

Селин Дион сними документарец за ретката болест: Една изјава ги расплака фановите

„Ако не можам да трчам, ќе одам. Ако не можам да одам, ќе ползам. И нема да престанам. Не е тешко да се прави шоу, тешко е да се откаже шоу“. Ова се зборови на поп-ѕвездата Селин Дион (56) која конечно проговори за ретката болест која ѝ беше дијагностицирана во […]