Родителите, особено оние денес, се преокупирани на своето дете да му дадат што е можно поневообичаено и оригинално име, па често допираат до старите, традиционални имиња што ги носат нашите предци.
Ако спаѓате во оваа група на родители на кои им е важна традицијата, треба да знаете дека некои имиња, иако стари, не секогаш го имаат истото значење што им се припишува денес.
Едно од најчестите женски имиња во светот е Марија. За ова име многу често се одлучуваат и македонските родители и има различни варијанти од истото.
Марија (Мајката на Исус) симболизира чиста и длабока љубов. Во оригиналниот хебрејски јазик името е Миријам, а нашата форма е Марија според латинското Марија. Самото значење на името не е разјаснето. Според една понова интерпретација изведено е од египетското „mry“ што значи „љубена“, односно „љубена од Бога“.
Според постари толкувања, името е изведено од хебрејските „мир“ (горчливо) и „јам“ (море), па значењето би било „горчината на морето“. Според толкувањето на Евзебиј Цезарески, името значи „капка море“ кое потекнува од хебрејските „мар“ (капка) и „јам“ (море).
Поради големата почит кон Богородица, во католичките земји, до 15 век, името Марија било забрането да се користи како име за крштевање. Во времето на реформацијата, католиците сè повеќе го избирале името Марија како симбол.
Името Марија е застапено во сите земји од Европа, Северна и Јужна Америка и делови од Азија. Особено во Шпанија и во латинскиот дел на Америка се издвојува богатиот репертоар на женски имиња инспирирани од култот на Мајката Исусова.
Името често се појавува во врска со други имиња: Ана Марија, Марија Магдалена и слично. Други форми на името Марија се Маријела, Маријета, Мари (ј) ола, Марика, Маруша, Маша, Ми (ј) а, Ри (ј) а, Мајда, Мара, Маре, Марица, Марта, Мина..
За машко популарно име, пак, и денес се смета името Ненад. Тоа е широко распространето во нашата земја, но исто така и во Србија, Хрватска, Босна и Црна Гора. Се верува дека потеклото е од негацијата на глаголот „надежен” или „очекуван”. Името најчесто им било давано на децата кои доаѓале на свет „одеднаш“, односно „ненадејно“.. Најчесто кога мајките останувале бремени во рана возраст.
Иако ова не е нужно негативно толкување, постојат етнолози кои одат чекор подалеку и велат дека името Ненад потекнува од негацијата на глаголот „сака“ и практично значи – несакано дете. Сепак, многумина го оспоруваат ова значење.