Победникот од минатата сезона на шоуто „Никогаш не е доцна“, Павле Витанов, покажа дека неговиот успех по гласањето на „Фејсбук“ не дојде случајно, и дека не ги заборава своите обожаватели.
Имено, Павле во финалето освои најголем број гласови на споменатата социјална мрежа, а сега покажа дека негува врска со своите следбеници.
Тој се пофали дека достигнал 65.000 следбеници на „Фејсбук“, што секако не е безначајна бројка.
„Едно големо благодарам! За сите вас, мои пријатели, ова е вистинско богатство“, порача Павле.
Струмичкиот пејач, кој работи и како обезбедување во банка, на својот профил често објавува изведби на познати македонски песни кои како неговите обожаватели ги препознаваат, така нивниот број постојано се зголемува.
„Наградата е во мои раце и тоа е одлично за мене. Пеев на „Фејсбук“ за време на пандемијата, тогаш добив многу следбеници. Знаев дека имам поддршка, но навистина не очекував да имам толку многу. Благодарен сум на сите што гласаа за мене“, вели тој.