Амар Исмани е 29-годишниот пејач од Скопје кој настрада во синоќешното пукање на Пластичарска улица, дознава ТВ21.
Станува збор за естраден уметник кој ужива голема популарност на социјалните мрежи со над 300 илјади следачи на „Инстаграм“.
Според последните информации, прво избувнала тепачка меѓу неколкумина млади луѓе, а потоа дошло до пукање. Инцидентот започнал со расправии, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје. Вкупно три лица биле хоспирализирани.
Во 23 часот и 45 минути едно лице е хоспитализирано во ГОБ Наум Охридски и итно префрлено во операциона сала.
Во исто време во Клинички центар пријавено е дека имаат примено две лица со повреди од огноено оружје.