Познатиот македонски пејач Амар Исмани (29) синоќа е убиен во Скопје, а фановите се простуваат од него на социјалните мрежи.
Тој настрада во синоќешното пукање на Пластичарска улица, напишаа повеќе медиуми.
Станува збор за естраден уметник кој уживал голема популарност на социјалните мрежи со над 300 илјади следачи на „Инстаграм“.
Според неговите објави, може да се заклучи дека често патувал и дека живеел отмено.
На фотографија објавена на 25 април открил дека се верил со својата избраничка, пишува српски „Блиц“.
Според последните информации, прво избувнала тепачка меѓу неколкумина млади луѓе, а потоа дошло до пукање. Инцидентот започнал со расправии, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје. Вкупно три лица биле хоспирализирани.
Во 23 часот и 45 минути едно лице било хоспитализирано во ГОБ Наум Охридски и итно префрлено во операциона сала.
Во истовреме, во Клинички центар било пријавено дека имаат примено две лица со повреди од огноено оружје.
Четириесет и пет минути по полноќ било соопштено дека Исмани починал.