Од емисијата „Срце на дланка“ која се емитува на телевизија „Алфа“ денеска споделија тажна вест.
На 40-годишна возраст почина Цеце од Тетово, жената која од институциите бараше социјален стан.
Нејзиното семејство живееше тешко и во лоши услови. По емитувањето на емисијата тие добија помош од повеќе страни, но остана неисполнета нејзината желба да добие трајно живеалиште за неа и за нејзините три малолетни деца.
„Цеце ќе ја паметиме по нејзината отвореност и позитивност. Иако беше тешко болна, секогаш се бореше за доброто на своето семејство“, пишува во објавата на фејсбук-страницата на емисијата „Срце на дланка“.
Сочувство до целата фамилија.
Почивај во мир драга Цеце