Мултимилијардерот Ворен Бафет (93) во една прилика сподели совет како луѓето да се збогатат.
Многумина кои успеале во животот се согласија дека истиот и денес се’ уште дава резултати.
Кога на еден годишен собир пред 22 години го прашаа како да се стане милијардер, тој го даде следниот одговор:
„Почнете рано. Не чекајте. Кога јас почнував да се богатам, тоа беше мала грутка на врвот од еден многу долг рид. Трикот е во тоа да имате долг рид. Да почнете многу млади и да доживеете длабока старост“, порача Бафет.
Подоцна во едно интервју тој изјави дека паметниот инвеститор дава се’ од себе за да го научи тоа што го знае и тоа што не го знае и делува најенергично кога ќе му се укаже добра шанса.