Кога ќе сварите јајце, не ја фрлајте водата, туку искористете ја ефикасно за важна работа во домаќинството
Малкумина знаат дека водата во која варат јајца може да се искористи многу попаметно, отколку само да се истури во одводот.
Оваа вода е природно ѓубриво за вашите растенија, пренесува босански „Клик“.
Лушпата од јајцето за време на вриењето ослободува минерали кои можат да бидат корисни за вашите растенија. Посебно е богата со калциум-лушпите од јајца содржат околу 380 мг калциум по грам, а дел од тоа количество се ослободува во водата.
Калциумот има повеќекратни придобивки како што се зголемување на отпорноста на болести, зајакнување на клеточните ѕидови, активирање на ензими.. Иако недостатокот на калциум е редок по природа, тој не е целосно исклучен.
Индикатори за недостаток на калциум кај растенијата се следните: „изгорени“ врвови на листовите, нивно пожолтување, бавен раст и разни деформации.
Калциумот, исто така, помага да се одржи неутрална pH вредност на почвата, обезбедувајќи идеална средина за апсорпција на сите хранливи материи што им се потребни на растенијата.
Водата по готвењето на јајцата, освен за наводнување на растенијата во затворен простор, е многу корисна и за растенијата во вашата градина. Ако имате градина, задолжително штедете ја водата откако ќе ги сварите јајцата и „нахранете“ ги вашите растенија.