fbpx

Лекари предупредуваат: Овие луѓе никако не смеат да јадат домати

Доматот е омилената летна салата на многумина. Речиси сите го обожаваат освежувачкиот црвен плод полн со ликопен и го сметаат за безбеден и здрав производ, но доматите всушност може да има и некои несакани дејства.

Ако чувствувате некој од следниве симптоми, можеби припаѓате на групата луѓе што не би смееле да консумираат домати.

1. Желудочен рефлукс

Доматот спаѓа во многу киселите производи и затоа може да предизвика киселина кај луѓето што страдаат од гастритис или гастроезофагеален рефлукс. Дури иако сте здрави и не страдате од стомачни проблеми, ако јадете премногу домати или доматен сос, и вие може да ги искусите овие непријатни симптоми.

2. Болки во зглобовите

Верувале или не, премногу домати во исхраната може да предизвикаат болки во зглобовите. Причината е алкалоидот по име соланин, кој гради калциум во ткивата, а во доматот го има во големи количини. Премногу калциум во ткивата може да предизвика воспаление, болка и оток во пределот на зглобовите.

3. Проблеми со бубрезите

И ова е поврзано со складирањето калциум. Доматот е исто така богат со оксалат, супстанција која тешко се обработува кога ќе се консумира во поголема количина и тоа може да резултира со создавање камен во бубрегот. Црвениот сочен плод содржи и многу калиум, што исто така може да влијае врз функцијата на бубрезите. Ако веќе имате некакви проблеми со бубрезите, бидете особено внимателни!

4. Алергиски реакции

Доматот го содржи соединението хистамин, кој му помага на имунолошкиот систем да се бори против вирусите и бактериите. Не би поверувале колку е честа алергиската реакција предизвикана од хистаминот во доматот, а обично се јавува во форма на осип или оток на јазикот, придружена со други непријатни симптоми. Луѓето на кои им е дијагностицирана алергија на домати, чувствуваат многу тешки тегоби.

5. Синдром на нервозни црева

Ако страдате од синдром на нервозни црева, доматот може да предизвика симптоми како дијареја, болни грчеви, подуеност, гасови и запек. Во ваков случај подобро е да се држите подалеку од киселите производи како што е доматот.

6. Ликопенодермија

Ликопенот е пигмент што се содржи во доматот, но и во многу други производи. Кога се консумира во правилна количина, одличен е за срцето. Но ако се претерува, може да дојде до пигментација на кожата, односно до состојба позната како ликопенодермија.

7. Уринарни проблеми

Храната што содржи многу киселини, како што е доматот, може да го иритира мочниот меур. Ако страдате од уринарна инконтиненција или сте склони на други уринарни проблеми, најдобро е да ја одбегнувате киселата храна. Зготвениот домат исто така нема да ви помогне во овој случај, бидејќи сосот од домати и кечапот се уште полош избор.

8. Ливчињата на доматот може да бидат отровни

Листовите на омилениот црвен плод не се сметаат за безбедни за јадење. Во големи количини може да предизвикаат тешки и опасни симптоми, а во екстремни случаи може да дојде до труење и смрт. За секој случај, целосно одбегнувајте го консумирањето листови од домат.

9. Ги влошува симптомите на автоимуните болести

Алкалоидите во доматот може да го влошат воспалението во телото, што е особено лошо за луѓето кои страдаат од автоимуни болести. Многумина што страдаат од овие заболувања во целост би требало да ги исфрлат од исхраната не само доматите, туку сите производи што и’ припаѓаат на групата „ноќни сенки“ (nightshades), каде што припаѓа и компирот.

Следни Објави

Велат дека му е најголема конкуренција на нашиот Мики: Која е девојката која доби втора шанса во „Ѕвездите на Гранд“?

Антонија Черкез оваа сезона се врати во „Ѕвездите на Гранд“ за да продолжи таму каде што застана. Доби нова шанса за остварување на своите музички соништа и по десет месеци борба се пласираше во големото финале. Музичката приказна на 22-годишната натпреварувачка од Широки Бријег почнува уште во раното детство, а […]