fbpx

Случајно ѝ откриле рак на кожа кој се проширил на мозокот: Наградена е со најголем благослов

Кога имала 22 години, Мариена Браунинг дознала дека се бори со меланом, познат и како рак на кожата. Имено, Мариена речиси и да немала видливи бенки на телото, ниту пак некогаш отишла на солариум, но ги предупредува луѓето да се откажат од секојдневната употреба на крема за сончање.

„Сега кога знам колку може да биде лош и интензивен меланомот и неговото лекување, јас сум голем поборник за заштита од сонце, употреба на креми за сончање и годишни прегледи на кожата кај дерматолог, иако мојот меланом не се појави на традиционален начин“, ја почнува таа својата приказна.

Меланомот е вид на рак на кожата кој влијае на клетките на кожата кои произведуваат пигмент и ѝ даваат кафеава или беж боја. Луѓето најчесто дознаваат дека имаат рак на кожата кога на нивната кожа ќе се појави дамка со чуден изглед или кога бенката што ја имале претходно почнува да ја менува формата, бојата или големината.

Сепак, Мариена е една од оние три проценти пациенти со рак на кожа кои немаат ништо видливо што лекарите можат да го искористат за да го идентификуваат овој карцином. Кога е рано откриен, меланомот лесно се лекува. Но, во нејзиниот случај, ракот се проширил на лимфните јазли, поради што лекарите првпат го откриле како грутка на нејзината нога во 2018 година.

Прво ѝ бил дијагностициран рак во трета фаза, што е показател дека ракот само се шири. Таа се обидела да се приклучи на клиничкото испитување со надеж дека тоа може да работи побрзо од другите третмани. Непосредно пред да започне експерименталниот третман, нејзините лекари одложиле да проверат нов израсток на нејзиниот стомак. Ова доцнење донело и лоша вест-новиот израсток на нејзиниот стомак бил канцероген, што официјално значело дека има рак во четврта фаза.

Ова драстично ги намалило шансите за преживување-приближно осум од десет пациенти на кои им е дијагностициран меланом во четврта фаза умираат во рок од пет години. Четири дена по нејзината нова дијагноза, таа имала операција за отстранување на сите лимфни јазли во левиот препон, грутка во стомакот и грутка на вратот.

Во ноември 2018 година, таа започнала орална хемотерапија која вклучува земање 18 таблети дневно во текот на девет месеци. Неколку месеци подоцна, кога отишла во тоалет, уринирала само крв и тоа го доживеала „како филмска сцена со убиство“. Поради тоа често паѓала во бессознание, но се испоставило дека има сериозна бактериска инфекција која ѝ го зафатила целото дебело црево.

„Немам зборови да искажам колку беше стресно и страшно“, се присетува таа.

Подоцна се опоравила од инфекцијата, но во октомври 2019 година открила дека ракот се проширил на нејзиниот мозок. Затоа морала да оди на терапија со зрачење. После тоа ѝ била дадена стероидна терапија која ѝ ги пореметила хормоните, па се сеќава дека била постојано гладна и емотивна, но добила и алармантни проблеми со црниот дроб поради што очите ѝ станале многу жолти.

Конечно, во февруари 2020 година, таа добила информација дека нејзините лекари не пронашле трага од тумор на нејзините снимки. Таа целосно го прекина лекувањето во октомври 2021 година. Оваа храбра девојка продолжила со својот живот, конечно навраќајќи се на некои од работите кон кои се стремела пред дијагнозата. Во јуни 2023 година, таа и нејзиниот сопруг добиле девојче кое го крстиле Киа и кое според неа е „апсолутен благослов“, особено затоа што на болните од рак им е многу тешко да забременат.

И покрај сите животни драми, таа има позитивен став и сака да го искористи она што го научила за да помогне во ширењето на свеста за меланомот кај другите млади луѓе.

„Сакам да ја раширам свеста за меланомот и да им помогнам на жените да знаат дека иако понекогаш нивниот свет е превртен наопаку, сепак е можно да пронајдат среќа. И, како што секогаш дедо ми: „Продолжи да се смееш“, дури и кога се чини дека животот не е фер или дека си толку далеку зад сите други“, завршува таа.

Следни Објави

Пријовиќ ги носи најмодерните патики за ова лето: Практични и удобни, одговараат на сè

Кога не е на сцена, пејачката сака да се облекува младешки и спортски и секогаш тоа што го носи е по најнова мода Александра Пријовиќ го доведе својот стил до совршенство. Пејачката и тоа како се грижи во какви изданија се појавува, а секогаш е облечена според пригодата. Така беше […]