fbpx

Гори „јутјуб“ поради новото видео со принцот Вилијам: Се спомнува и Кејт, сите посакуваат само едно

Принцот Вилијам присуствуваше на свадбата на својот пријател, војводата од Вестминстер, Хју Гросвенор, кој се ожени со Оливија Хенсон, на денешната церемонија во Чатсер. Тој се појави сам, а меѓу членовите на британското кралско семејство на венчавката беше и принцезата Јуџин, која е соученичка на добро познатиот младоженец.

Појавата на принцот од Велс очекувано привлече големо внимание, па на социјалните мрежи и на „јутјуб“ се нижеа коментари под објавените слики и видеа од венчавката.

„Принцот Вилијам изгледаше толку згодно и не се обидуваше да ги засени невестата и младоженецот, убаво воспитување како и секогаш“, „Принцот Вилијам, како и секогаш, не привлекува внимание, но им оддава признание на фановите“. Браво, принцуод Велс, за вашата скромност и за љубезната служба на среќната двојка“, се дел од коментарите.

Одреден број граѓани утринава во шест часот се собраа пред катедралата во Честер за да го заземат своето место и во живо да го видат принцот Вилијам кој по пристигнувањето на свадбата срдечно ги поздрави нив и претставниците на медиумите.

Пристигнувањето на Вилијам беше најавено, како што се знаеше и дека неговата сопруга Кејт Мидлтон нема да се појави на денешниот настан, иако добила покана.

Да потсетиме, принцезата од Велс на 22 март објави дека боледува од рак. Пред тоа, на 16 јануари, таа имаше голема операција на абдоменот во Лондон.

Денес на „јутјуб“ многумина ја споменуваат Кејт Мидлтон, чие враќање на должностите е поврзано со многу сценарија и пишуваат: „Аплауз за принцот од Велс! Нашите благослови и љубов за принцезата од Велс“, „Посакувам и Кејт да беше тука“, „На принцезата ѝ посакуваме брзо закрепнување“.

Принцот Вилијам доби и неколку критики на Инстаграм. „Што му се случи? Тој порано беше убав“, прашува една обожавателка на кралското семејство. Некои истакнуваат дека во јавноста има повеќе слики од венчавката на кои е тој, наместо младенците.

Други веруваат дека Вилијам, кој неодамна откри нови детали за својата сопруга, изгледа многу уморно, а некои потсетуваат дека сега се’ е оставено на него како грижлив сопруг и татко на три деца. Не треба да се заборави и дека кралот Чарлс се бори со рак, пишуваат други негови фанови. За потсетување, монархот имаше операција на 16 јануари поради бенигно зголемување на простатата.

Следни Објави

Утрово Карлеуша физички нападната од Душко: Страшни детали за инцидентот

Јелена Карлеуша рано утринава околу 5:15 часот пријавила во полиција дека била нападната од нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, информира српски „Курир“. Како што ексклузивно дознава српскиот портал, по пријавата полицијата веднаш излегла на терен, каде ја затекнала пејачката со нејзиниот пријател Н.Ј. На надлежните им рекле дека Тошиќ се […]