fbpx

Лекарите мислеле дека има тумор на мозокот: Кога почнале да ја оперираат се шокирале

Кога наполнила 41 година, американката Рејчел Палма почнала да доживува необични симптоми, како ноќни кошмари, главоболки и халуцинации.

Рејчел почнала често да паѓа во безсознание, а почнала да ја губи и контролата на десната рака.

„Стануваше се’ побизарно. Имаше денови кога не знаев каде се наоѓам”, се присетува таа на својата необична здравствена состојба која ѝ се случила пред нецели шест години.

Оваа американка се обратила кај повеќе доктори кои ѝ рекле дека има рак на мозокот и дека треба итно да се оперира. Но, кога ѝ го отвориле черепот, наместо тумор, наишле на нешто што ги шокирало.

„Најдовме цврста структура во облик на јајце од препелица”, откри тогаш неврохирургот Џонатан Расули.

Кога го отвориле „јајцето“, во него нашле тенија.

„Во главата најдовме паразит кој успеавме да го извадиме. Беше тоа една од ретките ситуации да најдеме паразит и да сме среќни”, раскажа докторот.

Подоцна било утврдено дека станува збор за свинска тенија која е честа во Јужна Америка, но во САД е исклучително ретка.

Следни Објави

Штипски кардиохирург спаси живот на кошаркарски натпревар (ВИДЕО)

Штипскиот кардиохирург поздравен со овации Познатиот кардиохирург од Штип, д-р Сашо Николов, спаси живот на Меѓународен турнир во кошарка за ветерани во Суботица, објави локалната телевизија Стар. Откако натпреварот завршил, еден од учесниците на турнирот се струполил од масивен срцев удар. Лицето практично не давало никакви знаци за живот се’ додека […]