fbpx

Приказна за непотребното жртвување: Еве како самите си го уништуваме животот!

Застани жено малку… Одмори… Ништо не мораш, ништо не треба. Утре да те нема, повторно сè ќе тече, сè ќе се случува без тебе. Ќе им недостасуваш на најблиските некое време… но целото тоа требање и морање ќе се одвива и без тебе.

Не си наметнувај на себе повеќе отколку што можеш да издржиш. Бидејќи не си магаре. Жена си.
Сосема е во ред што денес не зготви ручек и не стигна да насечкаш салата, да ја одмрзнеш сармата која стои во длабоко уште од јануари. Нема да им испарат сите витамини за само еден ден.

Нека, остави ја и прашината. Слушам пеглаш пешкири и чорапи. Запрашај се само, дали животот е замислен за да го поминеш во пеглање? Мора да има и подобри начини.

Свари си кафе и конечно читај ја книгата која ја купи за денот кога ќе имаш малку слободно време.
Бидејќи, да ти кажам една тајна… Никогаш нема да имаш доволно време. Немаме ние време, туку времено нè има нас. Затоа, ослободи си минута за себе, па и неколку часа и денови.

Одмори ја душата. Пробај барем малку да не бидеш ни жена, ни мајка, ни кралица. Твојата штитна жлезда ќе ти биде благодарна!

Одмораш ли доволно?

А и на кого му е гајле? На никого… Одговорот секогаш ќе биде: Па, кој ја тераше? Да, да, баш така!

Застани жено… И натерај се себеси да мислиш. Има ли твоето живеење цел? Те цени ли некој?
Те прашувам тебе и сите жени на светов…

Затоа застанете, одморете… Животот продолжува и после вас. Времето нема да застане заради тебе, мене…

Следни Објави

Лекарите мислеле дека има тумор на мозокот: Кога почнале да ја оперираат се шокирале

Кога наполнила 41 година, американката Рејчел Палма почнала да доживува необични симптоми, како ноќни кошмари, главоболки и халуцинации. Рејчел почнала често да паѓа во безсознание, а почнала да ја губи и контролата на десната рака. „Стануваше се’ побизарно. Имаше денови кога не знаев каде се наоѓам”, се присетува таа на […]