fbpx

За влакно му избега победата во „Гранд“: Стана славен, па му се случи нешто непријатно

На младиот македонски пејач Александар Јосифовски пред две години за влакно му избега победата во суперфиналето на „Ѕвездите на Гранд“.

Неговиот ментор Ѓорѓе Давид по завршувањето на шоуто откри зошто овој натпреварувач му влегол под кожа и откри болна вистина за него за која дотогаш се молчеше.

„Не почнав да пијам поради некоја лична емотивна приказна и немав тежок живот. Едноставно ме понесе еуфоријата на радоста. Секогаш пиев кога сум бил весел. Имам екипа со која свирам по клубови и постојано пиевме за време на тие свирки. Така и се случи да излезам од колосек“, раскажа Александар во една прилика.

Благодарение на инјекциите и таблетите кои му се редовна терапија тој успеа да ја победи оваа мрачна страна од неговиот живот, а неодамна проговори и за еден непристоен предлог со кој се соочил откако тргна на турнеја со Лепа Брена, а по добрата реакција на публиката потоа продолжи и со успешна соло турнеја.

„Најлошото нешто што ми се случи беше, верувале или не, непристоен предлог од мажена жена. Тоа се случи за време на еден од концертите, за време на сликањето, а нејзиниот сопруг беше со нас цело време. Ситуацијата беше критична во еден момент, но на крајот се’ добро се заврши“, призна Александар.

 

Следни Објави

Бранкица (43) се кае, но мисли дека ова е премногу: „Го изневерив мажот, а тој три години вака ме казнува“

Бранкица (43) одлучи јавно да ја сподели својата приказна со надеж дека ќе добие поддршка и совет за нејзините емотивни проблеми. Таа пред три години му признала на сопругот дека го изневерила, што предизвикало сериозна криза во нивниот брак. „Изневерувањето беше огромна грешка што ја направив во момент на слабост […]