fbpx

Ја отпеа „Чудна жена беше Вера“: Ќе се изненадите каде живее денес

„Чудна жена беше Вера“, песна која ја сакаат различни генерации, и денес се пее на сите прослави и веселби. Снимена е во 1974 година, за Радио телевизија Белград, а малкумина знаат дека продуцент на овој евергрин е легендарниот Александар Сариевски.

Ова во едно ТВ-гостување на Сител го откри Круме Спасовски, човекот што го отпеа овој рефрен кој подоцна му ја одбележа кариерата.

Спасовски сними уште многу македонски хитови, во екот на популарноста постојано настапуваше дома, но и кај нашите иселеници во Европа и Австралија, но сега живее мирни пензионерски денови.

„Живеам во Горно Коњари, јас сум таму и роден, уште пред да одам во пензија таму си направив куќичка. Знаете, секој каде што е роден, таму и му е мило. Таму сме со баба Зага заедно. Инаку, и ќерката и синот си имаат свои домови, а кога се слободни доаѓаат, така да, имам прекрасно семејство“, раскажа Круме во една прилика.

Се пофали дека има доста голем голем двор, простор за бавча, но и дека одгледува прасиња, кокошки и мисирки.

„Кога ќе ги средам тие работи, слободното време го користам на Пчиња, оти тука ми е реката. Ми доаѓаат колеги, пријатели, се дружиме, тука ми е порелаксирано. Мене веќе не ми е ни место во градот. Таму сум свој на своето и ништо не е поубаво“, кажа пензионираниот пејач во истото интервју.

Следни Објави

За влакно му избега победата во „Гранд“: Стана славен, па му се случи нешто непријатно

На младиот македонски пејач Александар Јосифовски пред две години за влакно му избега победата во суперфиналето на „Ѕвездите на Гранд“. Неговиот ментор Ѓорѓе Давид по завршувањето на шоуто откри зошто овој натпреварувач му влегол под кожа и откри болна вистина за него за која дотогаш се молчеше. „Не почнав да […]