Штипскиот кардиохирург поздравен со овации
Познатиот кардиохирург од Штип, д-р Сашо Николов, спаси живот на Меѓународен турнир во кошарка за ветерани во Суботица, објави локалната телевизија Стар.
Откако натпреварот завршил, еден од учесниците на турнирот се струполил од масивен срцев удар. Лицето практично не давало никакви знаци за живот се’ додека не се појавил доктор Николов, кој и самиот е учесник на овој турнир како кошаркар.

Брзата и стручна реакција биле клучни да се спаси животот на кошаркарскиот ветеран.
Сашо Николов направи уште еден професионален подвиг и ги освои срцата и симпатиите на сите присутни, но и на пошироката јавност која многу бргу дозна за случајот.
Аплаузот на присутните и видеото сведочат за сé, пишува на фејсбук-страницата на телевизија Стар.