fbpx

Беше актер со говорна мана: Го најдоа мртов без скршен денар, никој не му помогна

Можеби не го знаете по име актерот Предраг Прежа Милинковиќ (1933-1998), но сигурно се сеќавате на неговиот лик

Тој е веројатно најпознатиот епизоден актер од овие простори, кој повеќе од 35 години играше батлери, чевлари, слаткари, психолози, месари и многу други професии во вашите омилени филмови и серии.

Малкумина знаат дека Прежа всушност никогаш не студирал глума. Дипломирал на Филозофскиот факултет, но бил голем филмофил. „Зборуваше четири странски јазици“, откриваат оние што го познаваа.

Прежа Милинковиќ е забележан во историјата на кинематографијата како најпознатиот југословенски филмски епизоден актер. Тивок господин чие лице едноставно е невозможно да се заборави колку и да е мала улогата.

Со Бата Живојиновиќ

Тој беше познат и по прекарот Дезмонд поради неговата неверојатна физичка сличност со истоимениот батлер од класичниот криминалистички стрип „Рип Кирби“ од Алекс Рејмонд (кого го отелотвори во екранизацијата на овој стрип), а некои го знаеја и по прекарот „Ел Кабаљеро“, бидејќи некогаш бил одличен фламенко играч.

Во една прилика, на прашањето дали некогаш одбил улога во кариерата, Милинковиќ одговори: „Не сум, не е во мојата природа. Сакам филмови и глума и не верувам дека некогаш ќе одбијам улога“.

Тој се претставуваше како светски патник. Играше и во два интернационални филмски проекти со крими-содржина. Во едниот го глумеше главниот гангстер.

Милиновиќ почина во 1998 година на 64-годишна возраст. Една година претходно ја објави книгата „Средби“ во која ги опиша средбите со луѓето кои му станале особено интересни во текот на работата на филмското платно. Таму пишуваше за тоа како пиел со Роберт де Ниро во Русија и за средбата со славниот режисер Микеланџело Антониони.

Велат дека последните месеци од животот имал огромни финансиски проблеми и дека починал без скршен денар.

Следни Објави

Ја отпеа „Чудна жена беше Вера“: Ќе се изненадите каде живее денес

„Чудна жена беше Вера“, песна која ја сакаат различни генерации, и денес се пее на сите прослави и веселби. Снимена е во 1974 година, за Радио телевизија Белград, а малкумина знаат дека продуцент на овој евергрин е легендарниот Александар Сариевски. Ова во едно ТВ-гостување на Сител го откри Круме Спасовски, […]