По вторпат си ја проба среќата во „Ѕвездите на Гранд“, по вторпат се пласираше во финалето, но овојпат го освои високото трето место.
На Андријана Петрушовска за влакно ѝ избегна победата, а талентираната Македонка тврди дека не ѝ е жал што на крајот триумфирала Шејла Зониќ.
„Ова е многу голем успех. Се чувствувам како победник. Ѝ честитам на Шејла, таа е една од моите најдобри пријателки овде во шоуто и ова ми е исто како мене да ми се случило“, вели Андријана во интервју за „Гранд“.
Како кандидатка која по вторпат се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, Петрушовска е уверена дека дури сега го покажала целиот свој потенцијал. Вели дека во меѓувреме созреала и дека сега се покажала во вистинско светло.
„Да, секако дека и мојот ментор Мили има заслуга. Позрела сум, па поинаку ги прифаќав и советите за разлика од минатиот пат кога бев хиперактивна. Ова е нешто ново за мене, како никогаш да не сум била претходно на оваа сцена. Им благодарам на сите што гласаа за мене“, вели Петрушовска.
На прашањето дали е разочарана од епилогот, објаснува дека секој од кандидатите се надевал на добар пласман и победа, но дека се чувствува добро.
„Кога си го враќам филмот, се радував и на успехот што го постигнав кога првпат се пријавив и стигнав до финалето на 21-годишна возраст, а ова сега е друга ера“, вели младата пејачка.
Зад себе има една свршувачка: Андријана проговори за љубовта
Свесна дека борбата за нејзиното место на естрадата допрва почнува, Андријана открива и кои се нејзините планови за во иднина.
„Сакам да ги средам емоциите, да разговарам со родителите, да одам неколку дена на одмор и да не размислувам за ништо, бидејќи девет месеци имаше постојана работа и еуфорија околу натпреварот. Кога ќе се вратам, ќе почнам да размислувам за проекти кои можам да ги реализирам со продукцијата“, вели таа.
Андријана би сакала да ја продолжи соработката со Мили. Вели дека дошла токму поради тоа, да биде дел од „Гранд продукција“.
„Убаво е кога имаш поддршка, не можам сама. Успехот е да се стигне до финалето, но Зорана Миќановиќ беше во четвртфиналето, а Мили заврши одлична работа со неа, па преку нејзиниот пример се уверивме дека се’ е можно“, завршува Петрушовска.