fbpx

Долго чувана тајна: Јованка Јакимоска од „Никогаш не е доцна“ проговори за животот и за љубовта

Жирито, но и публиката во студиото едногласно порачаа дека во актуелната сезона на шоуто „Никогаш не е доцна“ нашата Јованка Јакимоска била најпозитивната натпреварувачка и дека е жена која едноставно одушевува со својата енергија.

Македонската пејачка неодамна за „Гранд“ откри дека нејзината тајна е во молитвата и медитацијата кои редовно ги практикува.

„Правам медитации, молитви и запишувам. Кога човек ќе запише, тогаш се враќа назад и гледа во хартијата, што не е во ред, а што е добро. Да бидеме секогаш во врска со себе, тоа е најважно затоа што секој ќе го каже своето, но најважни се љубовта и разбирањето. Кога човек се сака себеси, може да ги сака и другите, да ја почувствува таа љубов и потоа да ја сподели“, изјави таа.

Јакимоска вели дека кога човек е мирен и има љубов во себе, тогаш многу добро реагира.

„Мојата реакција кон луѓето е мирна, бидејќи внатре сум избалансирана. Воопшто не е лесно, како што звучи сега и тоа се години работа и медитација, но на крајот се исплати“.

Покрај музиката, призна дека многу ја интересира и психологијата која често е една од главните теми на разговор меѓу неа и нејзините пријатели.

„Ми се допаѓаат работи поврзани со размислување, сакам психологија. Често разговарам на овие теми со моите пријатели“, кажа таа во истото интервју.

Јакимоска има 47 години. Дипломирала на Економскиот факултет, а веќе две децении живее во Скопје.

Иако музиката е нејзиниот живот, во „Никогаш не е доцна“ не се пријавила самоиницијативно, туку на убедување на бројните гости од нејзините настапи кои сведочат за нејзиниот талент.

Таа денес е разведена и мајка на едно дете.

„Имам една ќерка. Нема да се фалам, но ќе кажам дека во последно време работам на себе, да ги отстранам моите маани и да бидам подобра личност во секој поглед. Никогаш не е доцна за ништо во животот, само ако човек одлучи, потоа патот лесно се отвора. Господ на сите ни помага“, изјави Јованка за српските медиуми.

Следни Објави

Десет години е со сопругот, внукот ѝ е најголема љубов: Македонската новинарка искрено за животот зад камерите

Познатата новинарка Душица Мрѓа во искрен муабет за „Женски магазин“ проговори за приватниот живот. Заштитното лице на ТВ 24 откри интересни моменти за сопругот и за семејството. „Мојот сопруг доаѓа од „нормалниот” свет, не е јавна личност, нема допир со мојот начин на живот, но за овие 10 години колку што […]