fbpx

Десет години е со сопругот, внукот ѝ е најголема љубов: Македонската новинарка искрено за животот зад камерите

Познатата новинарка Душица Мрѓа во искрен муабет за „Женски магазин“ проговори за приватниот живот.

Заштитното лице на ТВ 24 откри интересни моменти за сопругот и за семејството.

„Мојот сопруг доаѓа од „нормалниот” свет, не е јавна личност, нема допир со мојот начин на живот, но за овие 10 години колку што сме заедно ми е огромна поддршка“, раскажува Мрѓа за „Женски магазин“. 

Вели дека сестра ѝ ѝ е втората половина од нејзиното цело, но и дека внукот Нејтан ѝ е најголема љубов и дека нема нешто што не би направила за него.

„Во мојот ден мора да има време за долгометражни разговори на релација Скопје-Лондон, кадешто живее мојата сестра со семејството, за сите училишни и „љубовни” поблеми на мојот седумгодишен внук, за моите родители. Се наоѓа време и за пијачка со пријателите, за „дебата” со мојата „Манда банда”. И секако доцен ручек и заедничко време со сопругот, да си го раскажеме денот“, вели Мрѓа.

Следни Објави

Мајка ѝ дозволува на деветгодишната ќерка две работи, луѓето се во шок

Една мајка раскажа како ѝ дозволува на својата деветгодишна ќерка да пцуе и да отсуствува од училиште, дури и кога не е болна. За нејзиниот „метод“ на воспитување проговори на социјалните мрежи, па многумина веднаш ја осудија. Сепак, има и такви кои се согласуваат со неа Во видеото објавено на […]