fbpx

Ни Андријана, ни Шејла: Мики откри со која кандидатка од „Ѕвезде Гранда“ би снимил дует

Велешанецот Мики Секуловски ги живее своите ѕвездени денови, откако блесна во суперфиналето на „Ѕвездите на Гранд“ и го освои второто место.

Додека се’ уште трае еуфоријата, македонскиот пејач одлучи да им угоди на своите следбеници на социјалните мрежи кои имаа шанса да го прашаат се’ што ги интересира за неговиот живот, но и за желбите и плановите поврзани со неговата кариера.

Така, Секуловски им откри дека е роден на 19 септември, дека не би се пријавил во реално шоу затоа што не се смета за доволно интересен, а го кажа и своето мислење за Цеца која му беше менторка.

-Прекрасна личност и најдобар ментор во „Ѕвездите на Гранд“-напиша тој на „Инстаграм“.

„Беше чудно“: Прво интервју на Мики по освоеното второ место

Од сите одговори, нам најмногу внимание ни привлече она кога кажува со кого би сакал да сними дует. Станува збор за кандидатка од шоуто, но не е ниту победничката Шејла Зониќ, ниту нашата Андријана Петрушовска.

Мики призна дека си посакува заедничка песна со Јулија Петровиќ, но и со младата македонска пејачка Барбара Поповиќ. Очекувано, на овој негов список се најде и Цеца.

Следни Објави

Оваа билка го намалува стресот: Нема веќе да имате нервозни денови

Содржи дури 83 проценти вода и огромна количина влакна Како своевиден лек за смирување, оваа билка на пациентите им ја препорачувал и Хипократ. Во прашање е здрава и лековита билка богата со магнезиум, калциум и калиум. Лекарите тврдат дека оваа комбинација ја ублажува напнатоста. Станува збор за целерот, нискокалорично растение […]