fbpx

Марија Шерифовиќ откри кој е татко на нејзиниот син: „Страшен фраер е“

Пејачката Марија Шерифовиќ неодамна стана мајка, откако го доби синот Марио со помош на сурогат мајка.

Момчето е родено во Америка, а таа никогаш јавно не кажала кој е неговиот татко, барем не до сега.

Шерифовиќ во емисијата „Ами Џи Шоу“ првпат проговори на оваа тема.

„Страшен фраер е, Европеец“, кратко призна Марија.

Во најавата за вечерашната емисија може да се слушне дека таа зборува и за воспитувањето на нејзиниот син, истакнувајќи дека ќе го поддржи во што и да посака да направи во својот живот.

„Ако стане доктор на науки, ќе живее на Беверли Хилс, ако стане автомеханичар, ќе му купам плац во Тошин Бунар. Ќе бидам подеднакво среќна“, вели таа.

Марио се роди на почетокот на декември минатата година. Шерифовиќ тогаш изјави дека се одлучила за ова име поради неговата силна симболика-доаѓа од латинскиот збор „mare“ што значи море, како и „марем“ што го претставува мажјакот или главата на семејството.

Пејачката тогаш и самата ја сподели радосната информација на „Инстаграм“.

„Љубовта ми пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Се роди Марио. Сине, животот нека те води низ своите најубави патеки, а јас со својата љубов ќе те чувам од тагата и од луѓето. Ви благодарам на сите што праќате љубов и нека тивко и топло биде сè она што доаѓа од вас кон него“, напиша таа под видеото.

Марија Шеривовиќ е првата јавно декларирана ЛГБТ пејачка во Србија.

Следни Објави

Луѓето се крстат, ваков погреб не паметат: Ковчегот во кафеана до шанкот, до него хармоникаш

Душан Бојиќ (73), сопственик на локално кафуле, викендов на необичен начин бил испратен во вечните ловишта од страна на неговото семејство и жителите на Прељина кај Чачак. Наместо во капелата или во дворот на семејната куќа, како што е обичај во тамошните села, неговиот ковчег бил ставен среде кафеана. „Го […]