fbpx

Се огласи сопругот на исчезнатата жена од Свети Николе: Сè беше во ред, тргна да си оди..

Веќе втор ден се трага по 45-годишната Злата Јанкова од Свети Николе. Таа во неделата околу 15 часот од селото Орел каде со сопругот имаат викендица тргнала кон родниот град и оттогаш ѝ се губи секаква трага.

Сега се огласи и нејзиниот видно вознемирен сопруг. Вели дека неговата жена е висока околу метар и половина, со нормална градба и дека изгледа баш како на фотографијата која се споделува на социјалните мрежи.

Доколку некој ја забележи, замолува веднаш да го контактира на бројот 078 828 477 или да пријави во полиција.

Дејан и целото семејство веќе два дена тргаат по било каква информација за Злата која била сериозна семејна жена, без здравствени проблеми и ништо не навестувало дека вакво нешто може да се случи.

„Со сопругата имаме две деца. Овде во Орел одгледувам земјоделски култури, таа за викенд доаѓа и ми помага. Тој ден, во неделата, таа си тргна дома, требаше да оди со такси. Јас останав овде, бидејќи имам многу работа. Се’ беше во ред, вообичаено. Но, откако Злата не стигнала дома, веднаш сите се загриживме. Пријавивме и во полиција, започна потрагата, се пребарува околината и со дронови. Не знаеме што да мислиме, не знаеме што можело да ѝ се случи“, раскажува сопругот за „Фокус“.

Во моментот кога исчезнала, Злата била облечена во плави тренерки, маица со бела и розова боја и сиви патики. Не носела ташна, ниту пасош или било каков личен документ. Со себе го носела мобилниот телефон, кој уште од вчера е исклучен.

Следни Објави

Вера преку конкурс бара момче: И вие имате шанса, еве кои се условите

На социјалната мрежа „Тик Ток“ оваа девојка објави дека прима апликации од мажи кои сакаат да бидат со неа во сериозна врска. Таа ги замолила да пополнат детален прашалник за нив, вклучително и дали живеат со родителите, дали имале интимни односи за една ноќ, но и дали поседуваат автомобил. Вера […]