fbpx

Ми дадоа апчиња за болка, а добив неизлечива болест: Сфатив кога почнаа да ми трнат рацете и нозете

Мајка на две деца од докторот добила таблети против болки во грбот, а дијагнозата била далеку посериозна

Керол Мекгачи, 56-годишна мајка на две деца од Шкотска, открива на кој начин ѝ била дијагностицирана страшна болест која се манифестира на многу различни начини. „Најголемиот проблем е што нема специфични симптоми“, вели таа.

Секоја вечер кога Керол легнувала, чувствувала дека нешто не е во ред. Таа го опиша тоа чувство како „трнење на нозете и рацете и болка од која не може да спие“. Лекарот ѝ дал апчиња за болки во грбот, но ништо не се променило.

„Се чувствував како да ме удрил струен удар. Пецкањето едноставно не поминуваше, не можев да ја почувствувам кожата, не ги чувствував рацете правилно. Стануваше се’ полошо и поболно”, раскажува Керол за BBC Scotland News.

Откако истиот симптом почнал да се појавува и во текот на денот, таа решила да оди на лекар. Цела година правела анализи кои откриле дека боледува од миелом, неизлечив рак на крвта. Во октомври 2022 година почнала со хемотерапија. По шест месеци нејзината болест сега е во ремисија.

„На почетокот се сожалував. Знам дека ова е неизлечиво и дека ќе се врати. Јас живеам од еден до друг резултат на тестовите кои ги правам на секои три месеци“, вели Керол.

„Се’ уште чувствувам трнење во врвовите на прстите, но сега барем веќе болката не се шири по целите екстремитети. Се чувствувам како да имам изгорени прсти, тоа е единственото нешто што не ми поминува. Мојот совет е да го слушате своето тело и да бидете упорни и да не ви биде непријатно ако постојано се враќате кај лекарот. Побарајте анализа на крвта ако забележите слични симптоми“, порачува Керол.

Иако миеломот е трет најчест тип на рак на крвта, тешко се дијагностицира.

„Тоа е затоа што неговите симптоми како што се болки во грбот, кршливи коски, замор и повторливи инфекции се нејасни и често се поврзуваат со општо стареење или помалку опасни состојби. Третина од пациентите го посетуваат својот матичен лекар најмалку три пати пред да им биде поставена дијагнозата“, објаснува д-р Софи Кастел.

Следни Објави

Александра починала додека спиела до синот: Трагедија во познатото турско летувалиште

Александра Тепљакова (39) од рускиот град Јарославл починала ден по роденденот додека била на одмор во Турција. Ден пред летот за Русија, оваа мајка на две деца починала во хотелска соба, а нејзиното тело го пронашол нејзиниот син. Александра напорно работела во банка. Станувала во пет наутро и работела до […]