fbpx

Замина во најубавите години: Битолчани се простуваат од девојката која почина во Грција

Битолчани на социјалните мрежи се простуваат од македонската државјанка која вчера загина во сообраќајната несреќа што се случина автопатот Егнатиа во правец кон Солун.

Станува збор за 29-годишна девојка.

„Душичка златна, зошто мораше вака да биде, во најубавите години. Почивај во мир“, е еден од многуте коментари под фотографијата со неа која ја објавија администраторите на фејсбук-страната Бабам Битола.

Повредени се и три сопатнички. Двете потешко повредени се родени 2000 година, а онаа која поминала со полесни повреди е една година постара. Сите се хоспитализирани и соодветно згрижени.

Од снимките кои протекоа во медиумите може да се заклуќи жестината на ударот по кој возилото буквално е смачкано, а при извлекувањето на жртвата и на повредените морале да интервенираат противпожарни екипи.

На другиот автомобил, кој учествувал во сообраќајната несреќа, му го нема речиси целиот преден дел.

Се’ уште се утврдуваат причините за несреќата.

Следни Објави

Почивај во мир, душо моја најсакана: Потресно обраќање на вереникот на Мартина

На „Инстаграм“ се огласи вереникот на Мартина, 29-годишната девојка која вчера загина во сообраќајната несреќа што се случина автопатот Егнатиа во правец кон Солун. Неговата потресна објава ви ја пренесуваме во целост. Со тешко срце и сили сакам да ги известам сите роднини, пријатели, душегрижници, зависници и душмани дека на […]