fbpx

Сашо победи во „Никогаш не е доцна“: Калиопи го остави без зборови

Со над 6.000 освоени смс-гласови, македонскиот натпреварувач Сашо Башески вечерва победи во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Талентираниот прилепчанец со месеци важеше за фаворит, остави голем впечаток кај публиката ширум Балканот и заслужено се најде во завршницата.

„Не’ направи многу горди. Многу сум среќна. Ти благодарам што не’ потсети на едно убаво време кога се пееше не само со грло, туку и со емоции“, му порача нашата Калиопи која му ја врачи наградата.

За приказната на Башески и тешките моменти со кои се соочувал низ животот читајте ОВДЕ!

Сашо ѝ се заблагодари и кажа дека ова ни на сон не го очекувал.

„Сакам да им се заблагодарам на сите, на продукцијата, на овие мои колеги во шоуто кои пред се’ се добри луѓе. Ова нема никогаш да го заборавам“, рече тој.

Следни Објави

Имаше хитови, но се повлече преку ноќ: На Ружица нешто друго ѝ беше многу поважно

Во деветтата сезона на шоуто „Никогаш не е доцна“, стручното жири одлучи да триумфира Ружица Чавиќ Томиќевиќ. Таа не ја криеше возбудата по освоениот трофеј, но за многумина нејзината победа не е изненадување. „Искрено се надевав дека некој друг ќе ја понесе оваа титула, бидејќи можеби јас овде најмалку се […]