fbpx

Аманетот од баба му го врати во Македонија, а сега и симнува ѕвезди на својата Василка: Шеф Марк никогаш посреќен

Марк Де Јонг, славниот Шеф Марк од кулинарското ТВ-шоу „Брза кујна“, со емотивна објава ги разнешни своите следбеници на социјалните мрежи.

Познатиот готвач се пофали дека со неговата сопруга, Македонката Василка Димовска, прославиле три години брак.

„Сезоните минуваат, но нашата љубов расте. Секој ден што минува е како нова приказна. Ѕвездите светат на небото на нашите животи. Три години среќа како мелодија. Рака под рака, за вечноста. Љубов моја, Василка, те сакам, ти си мојата единстевна. Три години заедно засекогаш. Среќен роденден и среќна годишница“, напиша тој на „Инстаграм“. 

Марк де Јонг има македонско потекло и интересна биографија. Неговото семејство живеело во Скопје, но по катастрофалниот земјотрес се преселиле во Брисел, каде тој живеел до пред неколку години.

Интересна е приказната за неговото доаѓање во Македонија. Како што самиот раскажа во една прилика, дошол тука поради аманетот кој му го оставила неговата баба. Таа пред да почине го замолила барем еднаш да дојде во посета на земјата од каде потекнува неговата мајка.

Марк со ќерката

„Дојдов во Македонија зашто на баба ми ѝ ветив дека еден ден ќе се вратам тука. Мајка ми остави овде дел од животот и не сака да се врати, татко ми, кој беше Белгиец, е починат, а јас мојата огромна љубов за Македонија им ја должам на моите баба и дедо. Благодарение на нив, израснав со приказните за Македонија и со мирисот на македонската храна. Баба ми Магда готвеше македонска храна и целата куќа мирисаше на лук, особено кога ми правеше летна манџа со пиперки и домати. Тој мирис е незаборавен за мене, исто како и вкусот кој моите непца се уште го паметат. Токму тоа сакав да го почувствувам пак кога дојдов овде. Го исполнив аманетот на баба ми, и не само што дојдов да ја посетам Македонија, туку имам намера и да останам овде. Ова го одлучив кога дојдов тука втор пат, тогаш заедно со син ми Мајкл со кој направивме мала турнеја низ Македонија, таа моја навистина чудесна земја. Ме маѓепса мене, а мислам дека нешто слично се случи и со мојот син, кој наскоро ќе ми се придружи. Тој тргна по моите стапки и со готвењето и ја засака оваа земја и животот во неа па во текот на овие три години доаѓа многу често. И тој, како и ќерка ми, се многу горди поради тоа што за кратко време станав препознатлив за луѓето кои постојано ми приоѓаат секаде кадешто одам, на пазар, на улица, во ресторан“, раскажа Марк за Сител.

Следни Објави

По шест години брак стана татко, па му дијагностицираа ретко заболување: Јордан Митев сега живее со полни гради

Јордан Митев минатата година стана татко по шест години брак, а сега одлучи на своите обожаватели да им ја покаже ќеркичката. Фотографијата на која позира со малата Кристина и сопругата Славица ја сподели на „Фејсбук“. Објавата веќе има 11 илјади лајкови што навистина ретко се случува кога е во прашање […]