Македонскиот натпреварувач Сашо Башески ги освои симпатиите на публиката и оствари убедлива победа според СМС-гласовите во последната сезона на шоуто „Никогаш не е доцна“.
Со музика се бави преку три децении, а своевремено свирел бас гитара. Иако професионално никогаш не навлегол докрај во музичките води, од самиот почеток на кариерата е со својот брат Дејан, а заедно се познати како „Дуо Башески“.
За себе веле дека секогаш повеќе го интересирала музиката, отколку естрадата, а со учеството во „Никогаш не е доцна“ сакал да ѝ се претстави на публиката во регионот.
Освен за болното минато, Башески проговори и за неговиот емотивен статус и одговори на најочекуваното прашање.
Кога првпат се појави во емисијата кажа дека можеби ова ТВ-појавување ќе му помогне и да ја најде својата сродна душа и конечно да застане пред олтар.
„Ако даде Бог.. Што да кажам.. Не знам, веројатно да“, изјави талентираниот прилепчанец.
А, додека не се ожени, веќе има испланирано како ќе го помине времето кое е пред него.
„Продолжувам да пеам, да ги забавувам луѓето, да се веселам со нив“, порача тој.