Колку време е потребно за една вдовица да престане да жали и да продолжи со животот, прашува оваа вдовица
„Сопругот замина на работа, а оттаму ми јавија дека починал. Едноставно паднал и престанал да дише. Што да правам, со мало дете останав сама, и наместо таа трагедија да е доволна, лоши работи продолжија да се случуваат и да паѓам се’ подлаболко“.
Вака ја започнува својата исповед Милена С. од Ужице која вели дека се одлучила јавно да зборува за својата тажна животна приказна со цел да разбие табуа и да иницира да не се молчи на оваа чувствителна тема.
„Штом маж ми почина, се’ ми стана јасно. Свекрвата веднаш почна да се однесува ужасно спрема мене и децата и не ни дозволуваше ништо, а куќата ја препиша на другиот син. Мене ми рече дека сега кога син ѝ е мртов, мора некому да ја остави. Ја замолив да ми остави малку земја за да може да ја обработувам, но не сакаше да разговара. Дури и ќерка ми почна да не ја сака баба си и сите ни велеа колку е ужасно тоа што ни го прави, но никој ништо не превземаше. Немав што да правам, па од вујко ми позајмив пари за да купам куќа од околу 30 квадрати и мало парче земја за да го обаботувам, толку беше доволно за мојата ќерка и мене. И токму кога помислив дека се’ е готово, баш тогаш почна пеколот“, се присетува Милена.
Поминале две години од смртта на сопругот кога наишла на пријател кој бил секогаш тука за неа и покажал подготвеност да ѝ ги олесне работите. Ќерка ѝ го прифатила, но никој друг.
„Тетките ме прашуваа што барам јас со друг маж кога мојот сопруг уште се нема „оладено“?! Па колку да чекам за да се „олади“? Десет години? Па, после да кажат дека сум чекала многу долго и дека ми е веќе доцна за да се бламирам. Интимни сме, постар е од мене и многу внимателен спрема мене и децата, ми помага околу се’ и е моја најголема поддршка. Сакаме валкани игри, си ги исполнуваме соништата и да, среќна сум. Колку време треба да помине за да ми прости семејството? Кога смеам да имам друг човек во мојот живот? Кога?“, прашува оваа жена.
Најпрвин ја отфрлило семејството на сопругот, а потоа и нејзиното.
„Погледите им се како да сакаат да ме убијат. Кога е во ред жена вдовица, која е близу до своите 50 години да има друг маж? Кога ќе ми простат што најдов друг? Не ми паѓа на памет да бидам како мојата баба, која цел живот беше сама по смртта на дедо ми, па поради осаменоста ги малтретираше сите околу неа. Што мислите вие? Кога е вистинското време сопругата да престане да го оплакува мажот или обратно, сопругот да продолжи понатаму во животот?“, завршува Милена.