fbpx

Гиро 9 евра, лежалките се изгор: Граѓаните бесни поради цените во Грција

Српски туристи кои веќе заминале на летување во Грција се шокирани од цените на храната и лежалките на некои плажи на нивните омилени дестинации.

Група туристи од Врање, кои моментално се на море, за „Курир“ раскажуваат дека биле непријатно изненадени од цената на гирото.

„Лани беше три евра, сега е од седум до девет! Не, не е порција, така е уште поскапо, гиро во пита чини толку. Кафето на плажа е седум евра. Изгор е, овие цени воопшто не ги очекувавме. Секоја година одиме фамилијарно во Грција и сега останавме непријатно изненадени од цените. Изнајмувањето лежалки е од седум до десет евра, што не е толку скапо како на други места, но храната е прескапа. Па, за четири гира треба да платиме и до 36 евра. Во Србија за тие пари можеме да јадеме двапати“, вели разочарана врањанка.

Секоја година на социјалните мрежи посетителите ги споделуваат своите искуства, односно каде има најголема гужва, кое е најдобро место за одмор и она најважното за сите-кои се цените на храна, пијалоци, лежалки и на се’ останато.

Еден следбеник во групата „Во живо од Грција“ сподели каква е моменталната ситуација на Кефалонија, на плажата Коста Коста. Чадор и две лежалки од 1 јули до 31 август чинат 40 евра, но за првиот ред лежалки треба да платите и до 60 евра.

„А последниот ред?“, „Лежалката е поскапа од креветот“, „Само ако станеш во шест часот наутро“, „На Кипар две лежалки и чадор се 7,5 евра на сите плажи“, „Првиот ред е во вода, затоа се поскапи“, се пошегуваа корисници во коментари.

Следни Објави

Брат ми пее подобро од мене: На гости кај Андријана, пејачката го покажа семејството

Младата пејачка го наоѓа мирот меѓу најблиските во Драчево Андријана Петрушовска, македонската пејачка која го освои третото место во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, специјално за екипата на „Гранд онлајн“ ги отвори вратите од семејниот дом во Драчево. Гостите ги пречека со богата трпеза, а мајка ѝ ја пофали дека не […]