fbpx

Потресна приказна на пејачката која ги расплака сите: „Кога еднаш ќе се случи, знајте дека ќе се повтори“

Животот воопшто не ја мазел Светлана Поповиќ, поранешна натпреварувачка во шоуто „Никогаш не е доцна“. Сепак, таа собра храброст јавно да проговори за насилството кое го доживеала.

Пејачката се исповеда за невидената тортура која ја трпела од сега веќе поранешниот сопруг, а малтретирањето почнало набргу по свадбената веселба и раѓањето на ќерката Тамара.

Светлана била и физички злоставувана, а, како што објасни во шоуто, одлучила јавно да зборува за насилството за да ги охрабри и другите жени кои минуваат низ истото да не молчат.

„Буквално живеев како во хорор филм, трпев насилство и се’ лошо што можеше да се преживее. Се извлеков од тоа, точно знам како е, па на сите жени и девојки сакам да им порачам дека ако некој кренал рака на нив да бидат свесни дека што и да се случи, делото сигурно ќе се повтори. Не трпете, бидете лавици“, вели Светлана.

Таа најтешките работи во животот ги истуркала поради ќерката за која вели дека е нејзиниот свет.

„За неа живеам и работам и таа е мојот најголем успех“, изјави Попович во епизодата на „Никогаш не е доцна“ во која се појави и нејзината наследничка и во таа прилика успеа да ги расплаче сите во студиото, вклучувајќи ја и ќерка си.

„Имам само мајка и кога и да ја слушнам тоа силно ме погодува. Ја сакам најмногу на свет и доволно е само да ја видам. Мило ми е што е дел од ваков голем проект, јас имам трема и за неа. Секогаш ми буди емоции“, изјави Тамара за „Гранд“.

Фото: Гранд онлајн

Следни Објави

Докторка од Итната помош предупредува: Заборавете на овие намирници на топлото време

Д-р Данијела Јевтиќ од Итната медицинска помош апелира до граѓаните умерено да се изложуваат на сонце, особено луѓе кои имале интервенции на срцето по инфаркт или мозочен удар, а тоа важи и за младите и за возрасните. Таа вели дека високата температура е опасна и за учесниците во сообраќајот, без […]