fbpx

Брат ми пее подобро од мене: На гости кај Андријана, пејачката го покажа семејството

Младата пејачка го наоѓа мирот меѓу најблиските во Драчево

Андријана Петрушовска, македонската пејачка која го освои третото место во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, специјално за екипата на „Гранд онлајн“ ги отвори вратите од семејниот дом во Драчево.

Гостите ги пречека со богата трпеза, а мајка ѝ ја пофали дека не само што одлично се снаоѓа во кујна, туку и дека редовно ѝ помага во домот.

Првпат пред камера застанаа и сестрата на Андријана и нејзиниот помлад брат кој сака да тргне по нејзиниот пат и да се занимава со музика.

„Сестра ми е уметница, изработува чанти и накит, а брат ми пее подобро и од мене, но е срамежлив“, вели Петрушовска.

Андријана неодамна откри кои се нејзините планови за во иднина.

„Сакам да ги средам емоциите, да разговарам со родителите, да одам неколку дена на одмор и да не размислувам за ништо, бидејќи девет месеци имаше постојана работа и еуфорија околу натпреварот. Кога ќе се вратам, ќе почнам да размислувам за проекти кои можам да ги реализирам со продукцијата“, изјави таа.

Следни Објави

Марта го изневерила сопругот за да си го спаси бракот: Шокантна исповед на угледна банкарка

Марта имала се‘ што може да посака една жена. Реализиран сопруг, убава куќа, три деца, добра работа во банка. Нејзиниот маж бил лекар специјалист кој поминувал се’ повеќе време на работа. „Добивме близнаци, наместо долгоочекуваната ќерка, ни се родија две момчиња. Постариот син тогаш имаше седум години, малите по пет. […]