fbpx

Хоспитализирана е поранешната Мис на Македонија

Познатата манекенка и поранешна Мис на Македонија, Емилија Розман, заврши в болница.

Таа објави две фотографии на „Инстаграм“ на кои е легната в кревет и јасно се гледа дека е на кислородна поддршка.

Се’ уште се нема огласено за нејзиното здравје, но ако судиме по коментарот на една од сликите (се шегува за болничката храна), веројатно не станува збор за некоја посериозна компликација.

Освен со титулите за убавина, Розман го сврте вниманието на јавноста кога пред неколку години се разведе по само неколку недели брак.

Љубовта на прв поглед неславно заврши, а причината за разидувањето со партнерот Стефан Ангелкоски кој ја побара за жена по само 24 часа врска остана енигма.

Следни Објави

„Најгрдиот човек во светот го претворија во Џорџ Клуни“: Нова шок трансформација на турските хирурзи

Кога ќе се спомене пластична и реконструктивна хирургија, последниве години прва асоцијација што ни паѓа на памет е Турција. Жените отсекогаш сакале да се разубавуваат и со својот изглед да му пркосат на времето, но сега се’ повеќе мажи патуваат во оваа земја со иста цел, да се подмладат или […]