fbpx

Преку ноќ ѝ се појавила џумка на челото: Ема следниот ден ги шокирала лекарите

Мајка на четири деца сподели необично искуство на социјалната мрежа „Тик Ток“, а нејзиното видео го погледнаа над 17 милиони луѓе.

Оваа симпатична жена една обична вечер седејќи дома забележала поголема џумка на своето чело и одлучила наредното утро да оди на лекар. Но, кога се разбудила доживеала нов шок-испакнатината целосно исчезнала. И покрај тоа, отишла кај својот матичен.

„Лекарите беа збунети, не можеа да утврдат за што се работи. Ме прегледаа и не најдоа ништо. Не чувствувам никаква болка“, објаснува Ема во видеото.

Оваа Австралијанка објаснува дека едноставно почувствувала притисок кога ѝ се појавила грутка која, како што раскажува, била со големина на топче за голф.

„Верувам дека тоа е резултат на стрес. Мојот сопруг е болен, а и моето куче. Освен тоа, чувствувам финансиски притисок и мојата глава не може да издржи сѐ“, вели Ема.

Таа додава дека на кожата нема траги од повреди, каснувања или нешто слично.

„Сакам одговори, но не сум опседната. Секогаш постои шанса тоа да се повтори, а јас сè уште чувствувам притисок од време на време, особено кога сум под стрес“, завршува таа.

Следни Објави

Хоспитализирана е поранешната Мис на Македонија

Познатата манекенка и поранешна Мис на Македонија, Емилија Розман, заврши в болница. Таа објави две фотографии на „Инстаграм“ на кои е легната в кревет и јасно се гледа дека е на кислородна поддршка. Се’ уште се нема огласено за нејзиното здравје, но ако судиме по коментарот на една од сликите […]