Драган Бјелогрлиќ е еден од најуспешните српски актери и режисери, но и семеен човек кој навистина има со што да се гордее.
Познатиот актер од „Подобар живот“ и режисер на филмот за Тома Здравковиќ е омилен во своето родно место, а и Баранда е негова слабост. Секое лето го минува таму, меѓу своите, а и нема сосед во селото кому не му дал барем мала улога во своите филмови.
Екипата на српски „Блиц“ пред неколку години го посети неговото родно место. Тогаш проговори баба Меланија, прва сосетка на Бјелогрлиќи.
„Го познавам од малечок. Отсекогаш бил многу фино момче. Драган е жив, енергичен, а брат му Горан од дете беше поповлечен, но и двајцата сакаа да се шегуваат со луѓето. Мајка им ја знам како многу фина, чесна жена, Нада. Прекрасни соседи“, раскажа таа.
Но, баба Меланија тогаш посведочи и за трагедијата во семејството. Неговиот татко умрел кога имал 18 години и оттогаш Драган самиот се борел во животот.
Дедо му бил опинчар, не можел многу да им обезбеди. Мајка им била покрај нив, но Драган сам се изборил да го продолжи школувањето. Прво запишал градежен факултет, зашто тоа била желбата на неговиот покоен татко, но набрзо се откажал за да ѝ се посвети на глумата.
„Татко ми, за жал, почина кога бев пред матура. Еден од последните разговори што ги паметам со него додека лежеше на постела беше токму тој, дека треба да се занимавам со сериозни работи во животот, а тоа потсвесно влијаеше да изберам градежништво. Но, сфатив набрзо дека тоа не е за мене. Мајка ми и брат ми ме поддржаа, иако се гледаше дека се плашат“, призна Бјелогрлиќ во една прилика.