Кога ќе се спомене пластична и реконструктивна хирургија, последниве години прва асоцијација што ни паѓа на памет е Турција. Жените отсекогаш сакале да се разубавуваат и со својот изглед да му пркосат на времето, но сега се’ повеќе мажи патуваат во оваа земја со иста цел, да се подмладат или да пресадат коса.
Позната клиника во Истанбул на својот профил на „Инстаграм“ постојано објавува фотографии од пациенти пред и по процедурата, но една трансформација преку ноќ стана вирална.
Станува збор за средовечен маж, наводно се вика Насер, но тоа е најмалку важно во целата приказна. Трансформацијата која тој ја направи е главна тема на сите социјални медиуми.
„Боже, како е ова можно? Од најгрдиот човек на светот направија плукнат Џорџ Клуни“, е еден од најсуровите коментари.
На веб-страницата на клиниката има повеќе од 1.300 примери на успешни трансформации на пластична хирургија, но ниту една не е толку драстична и шокантна како оваа.