Една девојка одлучи јавно да го сподели своето искуство од апсолвентското патување кое од магична обиколка околу најубавите европски дестинации се претворило во хорор.
„Како и сите студенти, така и јас посакав и си ја остварив мојата цел и желба. Патувањето на апсолвентска екскуризја, која сите велат дека е незаборавна и се доживува тогаш и таму, не се повторува и нема да имаш втора шанса за тоа доживување. Не погрешија кога го кажаа тоа, но погрешија дека е „најубавото“ нешто што го доживуваш. За мене тоа беше најголемиот хорор во мојот живот, кој посакувам никогаш да не се случеше.
Тури низ неповторливи и магични градови, крстарење, забава во најубавите дискотеки, пиење, лудување, шопинг, мемоари за цел живот. Но, еден спомен вечно ќе ме прати и една случка која никогаш нема да се избрише од моето сеќавање, а тоа беше таа што ја доживеав во Монте Карло, градот на луксузот и коцката.
Со колегите одлучивме да влеземе и да фрлиме една „рака” да видиме дали можеби ќе „искочиме“ со некоја добивка од светските казина, или едноставно само ќе го доживееме и осетиме тоа чувство, да сме на исто место со најголемите богаташи во светот, кои рулетот и апаратите во казината се нивната забава. Едно нешто беше повеќе од јасно, а тоа дека ќе изгубиш осет за време кога ќе влезеш внатре. Па, така и се случи.
Влеговме, изигравме неколку рунди, но најстрашното беше кога тргнав до тоалет.. Тогаш се случи нешто неочекувано, нешто што постоеше во моите соништа, а во моментот се преточуваше во реалност пред моите очи.. Го видов мажот кој отсекогаш го посакував. Совршен од глава до пети, мажествен, мускулест, костимосан, со став, во очите му се гледаше неговиот шарм кој пленеше на километри. Ретко кој можеше да го одмине, а да не го загледа и да не направи фантазија во неговиот ум. Занесена гледајќи го и движејќи се кон него, не внимавајќи се сопнав и се испружив како црвен килим пред неговите нозе. Се посрамотив и посакав во тој момент да се отвори подот на кој се залепив како сликичка, си реков како можеше токму мене да ми се случи ова токму кога го живеев сонот во целост.
Но, не е најстрашното тоа, најстрашното е што тој се наведна кон мене и почна да ме прашува дали сум во ред, кога јас тотално занемев.. Забележа дека изгубив глас, дека се засрамив, и дека се изгубив во неговите очи кој сјајат со убавината на совршено небо.. Како целото небо да беше влезено во тие совршено обоени очи.
Се соземав за неколку минути, а тој ме праша повторно дали сум во ред, а јас мислев дека тоа е идеална прилика да ја искористам можноста да добијам дел од неговото внимание. Му кажав дека премногу ме боли ногата. Тој веднаш клекна и почна да ме допира. Приемти дека е отечена и ми препорача ладни облоги.. Само му климнав со главата.
Тој повторно ми се обрати и ми кажа дека доктор, па ме повика во собата каде ми објасни дека има се’ што е потребно за преврска и антибиотици. Занесена, во болка која едвај ја осеќав, бидејќи се топев со секој негов збор, се согласив.. Се качивме во лифтот и отидовме во неговата соба.. Ми рече да се опуштам, да си седнам на огромниот кревет и да го почекам да појде до собата за да ја земе кутијата за прва помош. Се возбудив истиот момент.. Си помислив да сум сега некоја храбра и да се препуштам на авантурата која ми ја нуди овој момент. Така размислувајќи ја потпрев главата на креветот, а веќе следен момент тој беше покрај мене, веќе се грижеше за мојата повредена нога, додека така допирајќи ме се возбудив и испуштив неколку гласни воздишки..
Ме забележа, се доближи и следно што осетив беа неговите врели и сочни усни прилепени на моите. Воздивнав, а во главата ми се свртеа илјадници филмови.. На крај решив да се опуштам и препуштам, па нели е токму тоа што го посакував?
Беше неверојатно нежен, секако и он прилично возбуден, ме допираше по целото тело со неговите цврсти и во ист момент нежни раце, додека полека се прикрадуваше и доближуваше до моментот кога целосно навлезе во мене, а јас во истиот момент воздивнав и испуштив таков крик што личеше дека стигнав до степен на лудило.. Траеше сето тоа околу 20-на минути, а мене ми се чинеше дека поминале часови..
Но, совршенството не постои, тогаш кога бев на врвот од мојот оргазам и испуштав непрестани врисоци и крици, се случи она кое не го ни очекував.
Во собата се појави жена со неверојатно прекрасен фустан кој сјаеше како дијамант под најсовршен агол на светлина, токму во тој момент кога врвот на задоволството мое беше тука, таа така заледна стоеше и наеднаш почна да вика, да беснее и да мава со што стигне. Брзо почнав да бегам, да се кријам и да си ги собирам алиштата за да излезам.. Во моментот додека го правев сето тоа осетив нешто на мојот врат. Ладно како најледената карпа на Антартикот, се свртев и видов дека таа го вперила својот пиштол кон мене.
Се изгубив и пребледев, дотрча тој, разголен рипна врз неа за да ја спречи да направи глупост, а јас во истиот момент истрчав од собата и како обезглавена истрчав низ ходникот до лифтот.
Додека се симнуваше лифтот на првиот кат се обидов да се смирам и мирно да се приклучам на моите колеги без да приметат дека сум била отсутна и дека нешто страшно се случило.
Се сталожив додека лифтот слегуваше надоле, се прибрав малку од малку и кога се симнав во фоајето видов дека колегите се веќе на излегување, само им викнав да ме почекаат, а тие зачудено ме прашаа каде сум до сега, па за да избегнам дополнителни прашања само одговорив дека сум се изгубила барајќи го тоалетот.
Излегов со брзина на светлината и единствено што се прашував е само да не се случило она најлошото, да не се повредиле борејќи се со пиштолот.. Веројатно и никогаш нема да дознаам. Но она што го научив е дека „се што лета не се јаде”, дека не секогаш е така слатко да се препуштиш на возбудата“.