Исповед на една млада девојка
Марија (24) има момче кое е прекрасно кон неа и е во врска со него три години, но го изневерува со неговиот татко. Кога е во прашање „сениор“ нема никакви чувства, но, како што вели, в кревет е одличен.
Таа лани двапати раскинала со момчето. Обајснува дека тој иако е две години постар од неа, не сака да созрее и очигледно поважно му е друштвото. Марија открива и како им започнале проблемите, поточно, како почнала да се гледа со неговиот татко.
„Кога пред шест месеци последен пат раскинавме, неговиот татко дојде до кај мене да види како сум. Го поканив внатре, разговаравме.. На сред муабет нешто ме вознемири, тој ме прегрна да ме утеши и.. почнавме да се бакнуваме. Бргу завршувме в кревет, искуството беше неверојатно. Потоа ми се извини, но набрзо почнавме и да се допишуваме и се согласивме да се гледаме за онаа работа, без никакви обврски еден кон друг. Еднаш неделно сме интимни. Најчесто во неговиот автомобил во локалната шума. Нашата врска е потполно физичка, неверојатно ме привлекува и затоа се’ уште трае. Се мразам поради ова што го правам, би сакала да прекинам. Ниту моето момче не го заслужува тоа, ова е предавство. Ако не престанам да се гледам со неговиот татко, не знам како ќе можам да го погледнам в очи. Не спијам, толку сум под стрес и физички сум во лоша состојба“, вознемирено раскажува таа.