fbpx

Миа им одржа лекција на мотивациските говорници: Од дупли смени во фризерница и работа во диско до..

Македонската инфлуенсерка Миа Костова доцна вечерва сподели инспиративен статус со кој за неполни 30 минути собра над две илјади лајкови.

Поранешната водителка, секогаш искрена, ги потсети своите следбеници дека патот до успехот не е воопшто лесен, а, според неа, треба да биде мирен, спокоен и без срам од било каква работа.

„Од немање за пелени, преку дупли смени во фризерница, од стоење на врата во диско до одење пешки од Ѓорче до Капиштец со тодлер и запалена Корса.. До тука. Дали колата ви е половна и стара 3 години е ирелевантно. Дали имам кредит и лизинг? Не, никогаш сум немала заради цинцарските корени. Немојте да мразите луѓе на кои не им го знаете патот до ваква среќа. Нека не ви изгледа лесно дека се сликаат ‘само’… немојте да потценувате ни чистачка ни инфлуенсер, ќе ви затреба. Не мислете лошо, се враќа полошо на најмило. А секоја добра мисла ве носи до оваа насмевка. Некогаш и некаде.

Не мислев дека пред 40ти роденден ќе си подарам BMW. Ама ете, за разлика од сите лајф коучови, јас велам, скромност и чекај да ти дојде времето без да се откажеш и да имаш идеја за нешто без да работиш на тоа нешто. Мирно, спокојно и без да се срамиш од ни една работа. Не знаеш каде ќе те однесе. Фала Миа, се гордеам со тебе“, напиша Костова на социјалните мрежи.

Следни Објави

Сигурно не сте знаеле: Ова е единственото нешто што Цеца и Карлеуша го прават заедно

Светлана Цеца Ражљатовиќ и Јелена Карлеуша се најголемите турбо-фолк ѕвезди во регионот, но и лути ривалки кои постојано се препукуваат преку медиумите. Сепак, тоа не било отсекогаш така. На почетокот на својата кариера, Карлеуша во едно интервју вели дека Цеца ѝ е омилена пејачка, а пред да завршат на суд […]