Светлана Цеца Ражљатовиќ и Јелена Карлеуша се најголемите турбо-фолк ѕвезди во регионот, но и лути ривалки кои постојано се препукуваат преку медиумите.
Сепак, тоа не било отсекогаш така. На почетокот на својата кариера, Карлеуша во едно интервју вели дека Цеца ѝ е омилена пејачка, а пред да завршат на суд дури и работеле на ист проект.
Во 1993 година, кога Цеца веќе беше многу популарна, а Карлеуша имаше само 15 години, двете прифатија да ѝ бидат придружен вокал на Славица Трипуновиќ за потребите на една нумера. Во прашање е голем хит „Ваздух који дишем“ за кој Цеца сними нова верзија само една година подоцна. Тоа и не беше изненадување ако се земе в предвид дека автори на песната се Александар Радуловиќ и Марина Туцаковиќ, долгогодишните соработници Ражњатовиќ.
Слушнете ја помалку познатата, прва верзија, каде Цеца и Карлеуша заедно пеат придружни вокали.