fbpx

Мики Секуловски се вљуби во колешка: Еве со која пејачка е во врска

По „Ѕвездите на Гранд“ се’ му тргна на подобро

Иако порталот „Гранд онлајн“ уште пред повеќе од еден месец пишуваше дека финалистите на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски и Јулија Петровиќ, се во врска, тие дури сега потврдија дека имаат чувства еден за друг.

За време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ финалистите добија прашање од публиката „Кој во кого е вљубен, Мики во Јулија, Јулија во Мики или Бета Судар во Мики?“, што ги изненади и двајцата.

И Мики и Јулија беа во шок, но на крајот финалистот призна дека за време на натпреварот се вљубил во колешка.

„Не знам, прв пат го слушам ова второво“, кажа Јулија, алудирајќи на Бета, а потоа Мики пресече.

„Веројатно Мики е вљубен во Јулија“, призна Секуловски.

На прашањето зошто за време на снимањето се однесувал како полицаец кон другите машки натпреварувачи кои и приоѓале на Јулија, Мики даде интересен одговор и со тоа уште еднаш потврди дека се во врска, пишува „Гранд онлајн“.

„Ова не е вистина! Кој го рече тоа? Можеби само малку ја штитев“, изјави Мики.

Бета Судар неодамна на медиумите им навести дека Мики нашол девојка за време на натпреварот, но тогаш не сакаше да открие за која колешка станува збор.

„Прашање на време е кога ќе признаат, еве Мики вели за еден месец“, изјави таа неодамна пред камерите.

Следни Објави

Го сакав повеќе од сè, но тогаш ја дознав суровата вистина: Млада девојка со скршено срце

Една студентка одлучи јавно да проговори за тоа што ѝ се случило на љубовен план Млада девојка, која решила да остане анонимна, одлучи да сподели една неочекувана епизода од својата бурна животна приказна. „На сите мои колешки на факултет им се фалев дека имам совршено момче. Беше талентиран, успешен, убав, […]