fbpx

„Се разбудив и сфатив дека комшијата ме силува“: Мајка на тригодишно дете ја откри вистината

Џесика Доналд од Њукасл, Англија, имала само 22 години кога отишла кај својот пријател Глен Милс на партија муабет, но тој ден била исцрпена и заспала на неговиот кревет.

Кога ги отворила очите, се запрепастила. Во истиот миг сфатила дека е потполно гола, а 31-годишниот комшија бил над неа. Почнал да ја силува, а во исто време и да ја снима и фотографира.

Џесика вриштела и го молела да се тргне од неа, пробала да го бутне, но тој ја игнорирал. Ја ослободил дури откако завршил работа. Џесика некако собрала сили и отишла во својот дом. Се срушила на под и заплакала, а подоцна викнала полиција.

„Она што ми се случи ме погоди многу, но ми е драго што повикав полиција“, изјави оваа мајка која кога се случил инцидентот имала тригодишно дете.

„Сакам да ги предупредам другите девојки да бидат внимателни. Ова може да му се случи на секого. Одењето во полиција беше застрашувачки, а поголемиот број од жртвите се плашат дека полицијата нема да им верува. Но, ваквите напади ги сфаќа сериозно. Сега Глен е осуден и чувствувам дека можам да продолжам понатаму“, изјави Џесика.

„Кога се разбудив бев целосно гола, а облеката беше покрај мене. Бев свесна што се случува, но не можев ништо да направам. Му велев да престане, но тој не ме слушаше. Не можев ништо затоа што е поголем и посилен од мене. После седеше како ништо да не се случило. Се чувствував ужасно, безвредно“, раскажа таа.

Глен доби шест години затвор и доживотно ќе биде заведен во регистарот на сексуални престапници.

Следни Објави

Мики Секуловски се вљуби во колешка: Еве со која пејачка е во врска

По „Ѕвездите на Гранд“ се’ му тргна на подобро Иако порталот „Гранд онлајн“ уште пред повеќе од еден месец пишуваше дека финалистите на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски и Јулија Петровиќ, се во врска, тие дури сега потврдија дека имаат чувства еден за друг. За време на гостувањето во […]