Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова блесна на отворањето на фестивалот „Охридско лето“ во гламурозна креација искомбинирана со впечатлив накит-охридски бисери.
Таа на манифестацијата првпат јавно на еден настан се појави во придружба на сопругот Благоја, кој за оваа свечена прилика, сепак, се одлучил за полежерна варијанта-фармерки и бела кошула.
Двајцата го следеа фестивалот во друштво на новоизбраниот министер за култура, актерот Зоран Љутков, и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.

Сиљановска имаше и свое обраќање, а потоа своите импресии со неколку фотографии од отворањето ги сподели и на нејзиниот официјален фејсбук-профил.
„Културниот настан над настаните, Ohrid Summer Festival-Фестивал Охридско лето, повторно е пред голем предизвик: по шеесет и четврти пат да покаже и да докаже дека младиот Ниче бил во право кога тврдел дека животот без музика би бил грешка. Ве прашувам: Mоже ли да го замислите животот без уметност, без „Охридско лето“? Јас, не!“, напиша таа.